'Подобрување на здравјето во работничкиот свет со половата перспектива!'

 

Срдечна покана за европскиот семинар

Термин 12-14 октомври 2015 Место: Хотел Климетица, Охрид, Македонија

 

Оптоварувањата и заболувањата во претпријатијата нараснаа а темата расте во јавноста. Компаниите и институциите се занимаваат на различен начин со темата. Здравствениот менаџмент во меѓувреме стана компаниски стандард и многу повеќе. Може да се каже дека треба да се занимаваме со здравствените прашања во претпријатието. Се разбира дека половата рамноправност, половиот пристап, е сe уште непознат предизвик во полето на „здрава работа“ и заштита при работа и здравствена заштита. Сепак испитувањата и искуството подучуваат: Од мерките на заштита при работа и здравствена заштита не профитираат автоматски рамноправно двата пола па затоа постои итна потреба за дејствување. На пример ставот кој го зема во предвид полот при компанискиот менаџмент за интеграција води до подобар успех на постапката (види Добра работа. 3/2011, стр. 25-26).

 

На нашиот семинар се работи за третирање на горе опишаните фактори од разни европски перспективи. Примарна цел притоа е развивање на препорака за дејствување за социјалниот дијалог во Европа која во прва линија треба да послужи за соодветно обраќање и земање во предвид на здравствени мерки за сите групи на професии, подрачја и полови.

 

Целосна модерација

Јохен Метлен (Jochen Mettlen) (Chef du Service Presse-Information-Traduction – CSC) - запрашан

 

Јазик на настанот

македонски/германски/англиски (во зависност од пријавувањето француски или португалски)

 

Трошоци

Цена на учество:150,- € (вкл. сместување во еднокреветна соба, исхрана и котизација)

(при откажување по 25.09.2015 се задржува такса за откажување од 100,-€)

Се разбира дека постои можност да се пристигне еден ден порано или да се замине подоцна.

При едно такво изменето пристигнување и/или заминување следува дополнителен трошок од

80,-€ по ноќевање со појадок.

 

Настанатите патни трошоци се надоместуваат по барање до висина од 400,00 €.

Учесниците на кои не им е потребно ноќевање плаќаат такса од 50,00 €.

Ние препорачуваме пристигнување на 11.10. – на овој ден во 16.00 часот ќе има шатл од

аеродромот во Скопје, други шатл патувања ќе бидат организирани по можност.

 

Ќе ни биде задоволство да се видиме во Охрид:

Logo © EZA Европски центар за работнички прашања / EZA,

Logo © NBH Нел-Бројнинг-Хаус (Nell-Breuning-Haus) / NBH (Германија),

Logo © UNASM Унија на независни и автономни синдикати на Македонија (Македонија)

Logo © CSC Confederation des Syndicats Chretiens Verviers-Источна Белгија / CSC (Белгија),

Logo © NGG Синдикат за храна-потрошувачка-угостителство на регионот Ахен (Германија)

 

Пријавување преку: rita.krull@nbh.de

 

 

Адреса за контакт за организаторите

Nell-Breuning-Haus , Rainer Rismayer, Wiesenstr. 17, 52134 Herzogenrath

тел. +49 2406 9558-18 е-пошта: rainer.rissmayer@nbh.de

 

PdfПодобрување на здравјето во работничкиот свет со половата перспектива

 

 

 

links checked 20.8.2015